logo
logo
logo

Принцот ВИЛИЈАМ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ПРЕСТОЛОТ, оваа работа кажува многу

Vecer | 24.04.2025

Принцот ВИЛИЈАМ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ПРЕСТОЛОТ, оваа работа кажува многу

Аргентинскиот поглавар на Католичката црква, папата Франциск, почина во понеделник наутро на 88-годишна возраст од последиците од мозочен удар, помалку од еден месец откако беше отпуштен од болницата каде што се лекуваше од билатерална пневмонија.

Веднаш по тажната вест, беше објавено дека принцот Вилијам ќе присуствува на погребот на папата наместо кралот Чарлс. Оваа одлука се толкува како важен чекор кон улогата на Вилијам како иден светски државник и монарх.

За потсетување, кралот Чарлс, тогашен принц од Велс, присуствуваше на погребот на папата Јован Павле Втори во 2005 година, во име на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која никогаш не присуствуваше на погребот на поглаварот на Католичката црква.

Веста за смртта на папата дојде помалку од 24 часа откако тој, со помош на асистент, успеа да им ја достави својата велигденска порака на верниците. Иако изгледаше исцрпен за време на велигденските прослави, Франциск сепак ја поздрави толпата и се прошета низ плоштадот „Свети Петар“, додека илјадници верници ентузијастички го бодреа.

Во понеделник наутро, околу 5:30 часот, првите знаци на болест почнаа да го вознемируваат Папата. Според Ватиканската новинска служба, нешто повеќе од еден час подоцна, тој му мавнал на својот личен асистент Страпети за последен пат од болничкиот кревет, во она што го нарекоа „гест на збогување“ пред да падне во кома. Тој почина во 7:35 часот наутро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk