logo
logo
logo

По 40 години обиди – научниците го соборија рекордот: СОНЦЕТО НА ЗЕМЈАТА ПРОИЗВЕДЕ РЕКОРДНА ЕНЕРГИЈА

Vecer | 31.08.2026

По 40 години обиди – научниците го соборија рекордот: СОНЦЕТО НА ЗЕМЈАТА ПРОИЗВЕДЕ РЕКОРДНА ЕНЕРГИЈА

По повеќе од четири децении истражувања, научниците направија историски чекор кон енергијата на иднината. Во британската лабораторија „ЏЕТ“ во Оксфордшир, нуклеарната фузија произведе рекордна количина енергија во еден експеримент, достигнување кое ја зголемува надежта дека чистата и речиси неисцрпна енергија еден ден може да стане реалност.

„Постигнавме работи што никогаш порано не се направени“, велат европските научници кои работат во установата, според британските медиуми.

Научниците користеле деутериум и тритиум, две форми на водород, кои ги загреаја до екстремни температури.

Во тие услови честичките се споиле и ослободиле рекордни 69 мегаџули енергија од фузија. За експериментот беа потребни само 0,2 милиграма гориво, а енергијата се ослободи за околу 5 секунди.

Целта не била производство на струја за електричната мрежа. Научниците сакаа да покажат дека фузијата може стабилно да се контролира во услови слични на идните реактори. Токму податоците од „ЏЕТ“ сега треба да помогнат во развојот на следната генерација фузиски постројки.

Фузијата го имитира процесот што го напојува Сонцето. Ситни честички се загреваат до екстремни температури, а потоа се спојуваат. Така создаваат потешка честичка и ослободуваат енергија.

Токму затоа технологијата со децении важи за еден од најголемите енергетски предизвици на човештвото.

Целта е процесот еден ден да произведува огромни количества енергија без емисии на јаглерод-диоксид. Сепак, експерименталниот успех не значи дека електрична енергија од фузија веднаш ќе стигне до домовите.

Следниот голем предизвик е технологијата успешно да се зголеми во обем. Доколку тоа се постигне, фузијата би можела да овозможи производство на големи количества чиста енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk