logo
logo
logo

Платформата „Икс“ повторно достапна во Венецуела по повеќе од една година

Vecer | 14.01.2026

Платформата „Икс“ повторно достапна во Венецуела по повеќе од една година

Привремената претседателка Делси Родригез, која претходно ја извршуваше функцијата потпретседателка на Мадуро, го активираше својот налог на „Икс“ со порака до јавноста: „Го продолжуваме контактот преку овој канал. Венецуела останува на нозе, со сила и историска свест. Да останеме обединети во стремежот кон економска стабилност, социјална правда и држава на благосостојба“.

По изборите во јули 2024 година, Мадуро беше прогласен за победник и покрај обвинувањата за изборен фалсификат, по што неговата влада во август го оневозможи пристапот до оваа американска платформа.

Пред забраната, „Икс“ беше клучна платформа за информирање на граѓаните на Венецуела, но блокирањето ги принуди министерствата, пратениците и државните агенции да престанат со објавување содржини на оваа мрежа. Родригез ја презеде власта откако Мадуро и неговата сопруга беа заробени од американските воени сили на почетокот на овој месец, во операција во која, според официјалните податоци, загинаа над 100 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk