Оваа недела, ќе се совпаднат петок 13 и ретроградниот Меркур, па астролозите предупредуваат дека многумина би можеле да имаат проблеми во комуникацијата.
„Бидејќи Меркур е проблематичната планета на зодијакот, нејзината ретроградна природа може да предизвика многумина да се чувствуваат малку понесреќни овој петок 13 отколку оние минатите. Затоа погрижете се да забавите и внимателно размислете пред да донесете каква било одлука“, велат астролозите.
Истиот ден и Јупитер ќе се префрли во знакот на овен, што не се случило од 2011 година.
Ова на овните ќе им даде различни можности за напредок во сите области од животот, па не мора да се грижат за овој петок 13.

На другите знаци им се советува да размислуваат внимателно и да не брзаат и се ќе биде исто како и во сите други денови, сметаат астролозите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата