Кралското семејство, кое во моментов го дели Атлантскиот Океан, може да го поврзе Нетфликс. ВојвоткитеКејт Мидлтон (39) и Меган Маркл (40) наводно подготвуваат голем проект, потврди извор близок до семејството за US Weekly.
- Меган и Кејт всушност многу добро се сложуваат и често контактираат. Меган разговараше со неа за соработка на проектот за Нетфликс, документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го има со нејзината филантропија, рече изворот.
Војвотката од Кембриџ наводно е поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината јатрва.
Да потсетиме, Хари и Меган по напуштањето на кралскиот двор ја основаа компанијата и потпишаа договор со Нетфликс вреден 150 милиони долари. Соработката ќе се врти околу производство на ексклузивна содржина, вклучувајќи документарни филмови, филмови и емисии за деца и возрасни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата