Една од ѕвездите кои се дел од актерската екипа во првата македонска трилер-драма серија „Бистра Вода“, Мони Дамевски говорејќи за својата улога посочи дека се соочил со најголемиот предизвик во неговата актерска кариера.
„Многу возбудливо искуство, најголем предизвик затоа што играм два лика. Различни луѓе. Многу обемен материјал е, мора да се совлада и емотивно и текстуално. И за мене беше огромен предизвикот“, вели Дамевски.
Кога ќе се најде која е сржта на ликот кој се игра, многу полесно се пристапува во целата работа, открива актерот.
Покрај Дамевски во оваа возбудлива трилер-драма се појавуваат и Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Јана Вељановска, Александар Микиќ, Ана Јовановска, Васил ЗАфирчев, Ирена Илиевска, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Горан Стојановски, Славица Манаскова, Рубенс Муратовки, Зоран Љутков, Лазе Манасковски, Петар Горко и уште многу други.
Режисер и сценарист на „Бистра Вода“ е Јани Бојаџи. Премиерата се очекува на крајот на февруари на Алфа телевизија и на платформата „Кинемое“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата