logo
logo
logo

ЗАБРАНЕТИОТ ГРАД од Европа се отвори после повеќе од 50 години: За она што се крие во него и денес сите зборуваат

Vecer | 27.03.2025

ЗАБРАНЕТИОТ ГРАД од Европа се отвори после повеќе од 50 години: За она што се крие во него и денес сите зборуваат

„Вароша е едно од најневеројатните места во Европа. За жал, не по добро“, вели патеписецот Роберт Дачешин за градот Вароша на Кипар.

Видеото за Вароша на Кипар е едно од оние на кои целосно се посветил патописецот Роберт Дачешин, што го препознаваат неговите следбеници кои имаат само пофални зборови за снимката од тоа неверојатно место.

"Иако често патуваме на различни дестинации низ светот, снимајќи го ова видео - освен што научив многу, пролеав и неколку солзи слушајќи ги приказните на локалното население. Зошто е тоа така, ќе дознаете во оваа приказна", ја објавил Роберт снимката од градот на духови кој некогаш бил луксузна дестинација.

„Вароша е едно од најневеројатните места во Европа. За жал, не поради ништо убаво, туку затоа што од место кое го посетуваа светски познати актери и туристи од целиот свет, стана целосно напуштено поради војната. Сепак, по повеќе од 50 години целосна изолација, сега е отворен за посети, а јас имав можност да одам таму, да раскажам како денес изгледа градот и да зборувам со локалното население кое некогаш живеело таму“, раскажува Дачешин.

Во 1970-тите, кипарскиот град Фамагуста, со својата област Вароша, беше една од најпопуларните дестинации во светот за богатите и славните, кои доаѓаа да уживаат во златниот песок и тиркизното море, како и во гламурозните хотели и ресторани. Ричард Бартон, Елизабет Тејлор и Брижит Бардо беа само некои од познатите фаци што можеа да се сретнат таму.

За најдоброто сместување морало да се чека и по неколку години. Меѓутоа, во јуни 1974 година, во екот на сезоната, дојде до воена интервенција на Турција, која геополитички го подели Кипар. Кипарските Грци се повлекле на југ, додека Турците кои живееле таму се преселиле на север. Кога Турците ја презеле контролата над градот, го опколиле со ограда и официјално му забраниле на секој да се врати да живее таму.

Повеќе за Вароша во патописот на Роберт Дачешин:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk