logo
logo
logo

Момче на „средба“ со морско чудовиште од 25 тони: Бучавата беше ужасна (ВИДЕО)

Vecer | 18.12.2024

Момче на „средба“ со морско чудовиште од 25 тони: Бучавата беше ужасна (ВИДЕО)

Меѓу нив беше и Чехот Јаро Кабла (26). Тој објави спектакуларно видео од нуркање и воодушеви многу гледачи на Инстаграм. Тој го опиша моментот што ќе го памети како „едно од најдобрите искуства во неговиот живот“.

Џаро нурнал во Пацификот, без премногу очекувања, без да се посомнева какво изненадување го чека, пренесува Newsweek.

„Тоа требаше да биде обично нуркање, но се претвори во еуфорично искуство. Еден од моментите кога сфаќаш колку сме мали како луѓе“, објасни тој.

Младиот човек истакнува дека слушнал необичен звук под вода и решил да нурне подлабоко за евентуално да открие од која насока доаѓа.

 „Бучавата стана страшна. Се чувствував како да ми се тресат коските! Чудо е што камерата преживеа сѐ. Од сите места што ги посетив во последните четири години, ова ми донесе едно од најубавите искуства“, откри тој.

Во видеото го гледаме Џаро како нурка со пријателите, а потоа од темните длабочини се појавува грбав кит! Луѓето изгледаат ситни покрај морското суштество, а гледачите се воодушевени од сцената.

 „Ова е сосема лудо! Прво си го слушнал, а потоа го видел“, напишала една личност, додека друга продолжила: „Вакво нешто доживуваш еднаш во животот“.

Се проценува дека во светските океани живеат околу 60.000 грбави китови, чии возрасни единки достигнуваат должина од 12 до 16 метри, како и тежина од 25 до 30 тони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk