Чак Хилдебрант, кој сега живее во Чикаго, ги прелистувал книгите на својата полица кога забележал копија од Бејзболовите најжестоки ѕвезди од Хауард Лис. Наскоро го забележал бројот од библиотеката. Хилдебрант набрзо сфатил дека ја позајмил книгата од библиотеката Ворен на 4 декември 1974 година. „Бев многу засрамен“, изјави тој за Детроит Фри прес.
Сепак, тој решил да направи необичен потег за да го зголеми драматичниот ефект. Тој за Си-Би-Ес признал дека дури и откако ја открил книгата, решил да ја остави на полицата уште неколку години за да може да ја врати на годишнината.
Тој се вратил во Детроит за Денот на благодарноста и се обидел да ја врати книгата, но му било кажано дека книгата повеќе не е во системот на библиотеката, ниту пак има записи за позајмувањето. Библиотекарите му рекле дека може да ја задржи книгата и дека нема да мора да плаќа задоцнета такса од 25 центи дневно, што би изнесувало 4.563 долари и 75 центи.
Хилдебрант сега се обидува да ја подигне сумата од таа простена казна за да ја донира на непрофитната организација за описменување. Сем придонел со првите 457 долари, приближно 10% од сумата, а се обидува да го собере остатокот преку кампања за групно финансирање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата