Пилот на „Јунајтед ерлајнс“ излегол од кабината - на изненадување на патниците и ѝ пришол на една жена.
Изгледаше изненадена, а по неколку разменети зборови следеше искрена прегратка. Тогаш сите во авионотот аплаудираа, а она што го кажа пилотот ги одушеви сите.
Имено, пилотот среде летот дознал дека меѓу патниците е и Лаура Лоѓудиќе. Веднаш излегол од кабината и побрзал да ја најде. По прегратката тој им се обрати на присутните:
„Оваа млада дама ми го спаси животот“, рече тој, додека аплаузот одекнуваше низ авионот.
Се испоставило дека Лаура осум години претходно донирала коскена срцевина, која дотичниот пилот ја добил во Хјустон, пренесува Newsweek.
По успешната трансплантација, човекот закрепнал, а сега добил можност лично да му се заблагодари на својот донатор.
„Лекарите оценија дека сме компатибилни, а моето тело денес произведува „нејзина“ крв. По интервенцијата „префрлив“ од нулта позитивна на нулта негативна крвна група“, објасни тој.
Откако тие се извинија, пилотот повторно им се обрати на присутните и рече дека Лаура е „вистински херој“. Следеше уште една прегратка, на задоволство на луѓето кои долго ќе ја паметат оваа трогателна средба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата