83-годишниот холивудски актер Ал Пачино го очекува првото заедничко дете со својата 54 години помлада партнерка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29). Портпаролот на актерот ја потврди веста за ТМЗ. Нур моментално е во осмиот месец од бременоста.
Оваа вест го потресе светот, а многумина ги потсети на интересното минато кое ја следи Нур.
Пачино и Нур (29) првпат беа видени заедно во април минатата година, а пред Пачино таа сакаше многу други холивудски легенди од постарата генерација.
Во минатото таа беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Интересно е што во 2019 година ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеше дека се само пријатели.
- Срцето не прашува за годините, срцето само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна, изјави еднаш Нур во интервју за Хелоу за врската со фронтменот на Ролинг Стоунс.
Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата