Српската државјанка Нинослава Јовиќ (41) официјално е качена на Европската листа на најбарани бегалци, откако холандската полиција и Европол ја означија како клучна помагачка во една од најсериозните и најдраматични пљачки на накит во Европа, тешка дури 40 милиони евра, информираат европските медиуми!
Филмскиот грабеж се случи на познатиот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во холандскиот град Мастрихт, кога четворица вооружени мажи брутално ги скршија заштитните витрини и за неколку секунди го собраа екстремно скапоцениот дијамантски накит. Според истрагата, Нинослава не кршела витрини, туку имала логистичка улога во сенка – ги организирала напаѓачите, им ги подготвувала оперативните планови и директно им помагала во нивното филмско бегство.
За информации кои ќе доведат до нејзино итно апсење, холандската полиција веќе понуди парична награда од 20.000 евра.
Покрај 41-годишната Нинослава, на црната листа на Европол од 29 октомври се најдоа уште четиримина српски државјани: Александар Цениќ (50), Александар Стојиљковиќ (50), Душко Димитријевиќ (50) и Братислав Стојановиќ (41). Сите тие се наоѓаат на националните и меѓународните потерници од април оваа година, а европските безбедносни служби се убедени дека станува збор за добро организирана криминална клетка од стилот на озлогласените „Пинк Пантери“!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата