logo
logo
logo

ОПАСНОСТ ВО ЧИНИЈА - Повеќе од 130 заболени од затруени домати

Vecer | 12.10.2026

ОПАСНОСТ ВО ЧИНИЈА - Повеќе од 130 заболени од затруени домати

Европскиот систем за брзо предупредување за храна (RASFF) издаде итно и сериозно предупредување откако во увезени черри-домати по потекло од Италија беа откриени опасни соеви на бактеријата салмонела. Заразената храна, освен во Италија и Словенија, е дистрибуирана и на пазарот во Хрватска, што предизвика силна загриженост и вонредни проверки од инспекциските служби.

Како што јавуваат европските медиуми, станува збор за сериозен ризик по здравјето на потрошувачите, а анализите потврдиле присуство на бактериите Salmonella Strathcona и monofazna Salmonella Typhimurium.

Десетици хоспитализирани, покрената кривична истрага во Италија

Скандалот доби огромни размери во Италија, каде во регионот Бреша се регистрирани над стотина случаи на тешки сомнежи за зараза. Само во областа Вал Тромпија со симптоми на труење завршиле 117 лица, меѓу кои и мали деца, а 13 беа хоспитализирани. Локалните власти во Апулија веќе итно ја забранија употребата на свежи сирови домати во градинките, училиштата и болниците.

Италијанското тужителство во Бреша веќе отвори истрага против непознати лица за нанесување телесни повреди од небрежност, а под лупа е компанијата „G&V Ortaggi“ од Сицилија, чија спорна серија број 210 од 6,5 килограмски пакувања беше повлечена од продажба уште на 23 септември. Истражителите испитуваат дали извор на контаминацијата е неисправната вода за наводнување на насадите.

Поради вклучувањето на хрватскиот пазар во европското предупредување, тамошниот Државен инспекторат е во контакт со европските мрежи за да утврди точно каде завршиле спорните количини и дали производите навреме се повлечени од полиците пред да настрадаат потрошувачите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk