logo
logo
logo

Ветеринар ги предупреди сопствениците на кучиња! 3 грешки кои често се прават, а кои само им штетат на вашите миленици

Vecer | 16.04.2025

Ветеринар ги предупреди сопствениците на кучиња! 3 грешки кои често се прават, а кои само им штетат на вашите миленици

Ветеринарот Амир Анвари, кој е познат по своите совети за нега на домашни миленици на TikTok, ги откри трите грешки што ги направил додека го одгледувал своето куче за да им помогне на другите да го избегнат истото.

Рана кастрација

– Првата е дека прерано го кастрирав моето куче. Сега има дисплазија на колкот и проблеми со лактот. Веќе добива артритис, а има само четири години. Ме наведоа да верувам дека е нормално да ги кастрирам кога ќе наполнат шест месеци – открил ветеринарот.

Кастрацијата и стерилизацијата на кучињата се постапки што ги врши ветеринар со кои се спречува нивното размножување, но меѓу нив има одредени разлики.

Кастрацијата се однесува на хируршко отстранување на гонадите кај кучињата. Кај мажите тоа значи отстранување на тестисите, додека кај жените се отстрануваат јајниците, а често и матката. Оваа постапка целосно го елиминира производството на полови хормони, што значително влијае на однесувањето и физиологијата на кучето.

Кралскиот кинолошки клуб на Англија соопшти дека вистинската возраст за кастрирање на куче зависи од неговата раса, големина и пол.

Гоење на кучиња

Друга грешка што Амир ја признал е тоа што дозволил неговото куче да се здебели. Тој објасни дека има секакви оправдувања за да не оди со него на прошетка, од работа до лошо време.

– Се чувствував лошо, му давав премногу храна. „Му давав подароци затоа што навистина му се допаднаа и се здебели, а бидејќи имам куче од голема раса, веќе гледам дека влијае на неговите зглобови и не можам да му олеснам бидејќи разви артритис“, рече тој.

Како што наведува, сега, секако, прави се што може, но смета дека никогаш не требало да дозволи да дојде до таа точка.

– Не дозволувајте вашите кучиња да се здебелат. Не вреди – предупреди ветеринарот.

Казна

Последната грешка што Амир ја признал е дека го удрил своето куче кога било кученце, но тоа било „само кога бркал животни на фармата“ и не сакал да го повреди животното. Тој рече дека и денеска го гледа тој страв во неговите очи ако крене рака, иако не се обиде да го удри.

Амир рече дека длабоко жали за тоа што го направил и сега сфаќа дека требало да користи поинаква техника.

– Не удирајте ги кучињата. Само се плашат од тебе – рече тој.

„Ако ова може да ви помогне да ги спречите истите грешки, тогаш во ред е да ги признаете“, забележал ветеринарот во описот на својата објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk