logo
logo
logo

ЛУЃЕ СИРЕНИ: Без ушни тапанчиња, имаат двојно поголеми слезини и живеат под вода

Vecer | 26.04.2025

ЛУЃЕ СИРЕНИ: Без ушни тапанчиња, имаат двојно поголеми слезини и живеат под вода

Народот Бајау, познат како „морски номади“ од Југоисточна Азија, живее на вода со векови, без своја држава и без силни врски со копното. Денес, тие се единствени по својата неверојатна способност да поминат до пет часа на ден под вода, ловејќи риба без модерна опрема, користејќи само дрвени очила и рачно изработени подводни пушки.

Децата Бајау ја совладуваат уметноста на риболов уште на осумгодишна возраст, ловејќи риба со копје уште од првиот обид. Нивните слезини се двојно поголеми од просечниот човек, што им овозможува да го задржат здивот до три минути и да нуркаат до длабочина до 70 метри. Научните истражувања потврдија дека генетските адаптации се исто така одговорни за оваа способност – посебен ген влијае на хормоните што ја регулираат големината на слезината и го подобруваат снабдувањето со кислород во телото за време на нуркањето.

Во традицијата на Бајау, вообичаено е да се пробијат ушните тапанчиња на децата уште од рана возраст за да се олесни нуркањето. Тие не слават родендени, не гледаат на часовникот и водат живот целосно прилагоден на ритамот на морето. Нивниот дом се чамци и пловечки куќи, а на копно доаѓаат само за трговија или кога треба да се засолнат од големи бури.

Порано имало многу народи кои живееле на вода, но Бајау се едни од последните такви народи. Сепак, нивниот опстанок е загрозен – владините програми ги принудуваат да се населат на брегот, а нивниот традиционален начин на живот постепено исчезнува.

Научничката Мелиса Илардо, која поминала време со Бајау, ги опишува како најљубезните луѓе што ги запознала, но предупредува дека губењето на нивниот уникатен начин на живот би било голема загуба за светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk