ЛОНДОН: Писмо, напишано од еден од најпознатите преживеани од Титаник до неговиот братучед, продадено на аукција денес за 300.000 фунти (околу 350 илјади евра).
Во писмото напишано на 12 април 1912 година, Арчибалд Грејси му пишувал на својот братучед за несреќната судбина на Титаник, неколку дена пред да потоне, објави АП.
„Тоа е добар брод, но ќе почекам до крајот на патувањето пред да донесам конечен суд за него“, напиша Грејси.
Тој скокнал од бродот и успеал да го зграби оштетениот превртен чамец за спасување, пред да му помогнат другите патници и да го вовлечат во чамец за спасување.
Грејси подоцна напишал книга „Вистината за Титаник“, по враќањето во Њујорк, во која ги опишал своите искуства.
Писмото е продадено на приватен колекционер во Соединетите Американски Држави, соопшти аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ во Вилтшир, Англија.
Почетната цена била 60.000 фунти (околу 70.000 евра), но писмото се продало за многу повеќе.
Титаник потонал кај Њуфаундленд на своето прво патување откако удрил во леден брег, а околу 1.500 луѓе ги загубиле животите во бродоломот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата