На кошаркарската мегаѕвезда Лука Дончиќ очиглдно не му оди добро со жените од неговото семејство и блиската околина. Се тужеше по судови со мајкаму, а сега следат судења и со неговата вереница со која има две ќерки.
Да бидеш славен и богат, често пати, не е дарба и среќа туку напротив - причина за конфликти од најтежок вид со блиските.
За што Лука Дончиќ се судеше со сопствената мајка? За тоа кој е сопственик на “Лука Дончиќ“ името од кое треба да се создаде бренд за појава на пазарот и тој бренд, со тоа име, да заработува пари. Дали името е авторство, сопственост на мајката или на синот Лукла Дончиќ.
Во 2022 година се појави веста дека Лука Дончиќ ја тужи својата мајка Мирјам Потербин. „Продолжувам да растам како играч и како личност, па затоа ми е важно да го контролирам сопствениот бренд“, изјави Дончиќ за „The Stein Line“. Словенечкиот кошаркар сè уште не се откажува од таа идеја.
Никој не сака да се откаже

Ѕвездата на Далас и Словенија сакаше да го регистрира својот бренд под името „Лука Дончиќ“, но канцеларијата за регистрација одби бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка не сака да го откаже. Во тужбата, Лука Дончиќ тврди дека не е поврзан со тој бренд и дека не одобрува пласирање производи и услуги на пазарот под тоа име кое е негово сопствено име.
Адвокатот Џош Гербен тврди дека мајката на Лука сака да го отфрли целиот случај, но Лука одбива и сака да оди на суд. Случајот би можел да се влече низ судовите со години бидејќи Мирјан Потербин не е подготвена да се откаже од сопственоста на брендот кој наскоро ќе стане уште повреден, а ни Лука не сака да се откаже од својата идеја.
Во тужбата, Дончиќ наведува дека бил премногу млад кога го регистрирал брендот и не знаел што да прави, па сè ѝ оставил на мајка си потпишувајќи ги потребните документи за таа да може да го застапува.
Токму поради тој потпис, словенечкиот кошаркар се соочува со голема правна битка. Пред една година, Дончиќ во тоа време потпиша петгодишен договор со Далас на заработи 207 милиони евра, а од мината година има нов договор со Лејкерси. Не е познато како заврши процесот а објавено е само дека Лука Дончиќ и мајкаму - се спогодиле.

Инаку мајката на Лука Дончиќ, Словенка, има доминантно влијание врз него низ целата кариера. Таткото на Лука е Србин и предлагал тој да игра за српската репреентација но, мајката инсистирала да игра за Словенија и нејизниот избор надвладеал.
На суд и со вереницата, мајката на неговите две ќерки

Анамарија го запознала Лука Дончиќ кога имала 13 години, а тој 12. Оделе во исто училиште, се спријателиле и набрзо се вљубиле. Потоа, заедно се повеќе од десет години. Анамарија е модел и инфлуенсерка која обожава фитнес, но во јавноста стана позната поради својот славен партнер. Во 2016 година е избрана за Miss Earth Slovenia и ја претставувала својата земја на светскиот избор на Филипините. Завршила средно економско училиште во Љубљана, а потоа на тамошниот универзитет дипломирала маркетинг.
Лука Дончиќ по десет години заеднички живот се раздели од својата свршеница Анамарија Голтес, со која има две ќерки (Габриела и Оливија). Иако се очекува битка за старателство и издршка на децата, таа наводно нема право на дел од неговото богатство, кое надминува стотици милиони долари од неговиот НБА договор.

Причината за разделбата е што свршеницата Анамарија одбила да живее во САД туку се вратила во Словенија за да се породи во декември минатата година и соопштила дека со децата сака да живее меѓу своите, во Словенија, на што од Лука добила одговор дека тој планира постарата ќерка да живее со него во Америка.
Сето ова се случувало непосредно по породувањето, и веднаш по завршување на разговорот Анамарија се јавила во полиција за да се спречи Лука да ја земе постарата ќерка и да замине со ена во Америка.
Таблоидите веднаш почнаа да шпекулираат едека Анамарија ќе бара дел од заработените пари на Лука Дониќ што веднаш беше демантоирано. Лука потпиша огромен тригодишен договор од 165 милиони долари со тимот на Лејкерси, со заработка од над 55 милиони долари по сезона до 2028 година.
Потврдено е само дека мајката пред америкаските судови ќе покрене судска парница за алиментација на децата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата