Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие.
Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот.
Што ве исфрла од рамнотежа?
„Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд.
Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост.
Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин.
Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор.
Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата