logo
logo
logo

ФЕЈСБУК ЌЕ МУ ПЛАТИ НА ТРАМП 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАТОА ШТО ГО БАНИРАЛ, плус од Јутјуб, Твитер...

Vecer | 30.09.2025

ФЕЈСБУК ЌЕ МУ ПЛАТИ НА ТРАМП 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАТОА ШТО ГО БАНИРАЛ, плус од Јутјуб, Твитер...

Доналд Трамп ќе инкасира десетици милиони долари поради спогодби со технолошките компании што ги блокираа неговите профили на социјалните мрежи.

Според Волстрит Журнал, YouTube, Мета и Икс (поранешен Твитер) се одлучиле за повеќемилионски надоместоци откако Трамп ги тужеше заради суспензиите (банирање) во последните денови од неговиот прв мандат.

Од договорената сума, 22 милиони долари ќе бидат наменети за изградба на сала за балови во Белата куќа, иницијатива што ја промовираше самиот Трамп, додека остатокот ќе се подели меѓу ко-тужителите.

Мета во јануари се согласи да плати 25 милиони долари, а Икс во февруари склучи спогодба од околу 10 милиони долари.

YouTube го блокираше профилот на Трамп во јануари 2021 година, по нападот на неговите поддржувачи врз Капитол, со образложение дека постои ризик од натамошно насилство. Слични забрани беа воведени и од другите платформи. Неговите профили останаа суспендирани речиси две години, сè до враќањето во 2022 и 2023 година.

Иако Трамп упорно тврдеше – без докази – дека изборите во 2020 биле украдени, тој во меѓувреме ги амнестираше многумина од учесниците во нападот на Конгресот, вклучувајќи и оние кои извршија напади врз полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk