logo
logo
logo

МОЈОТ Е НАЈГОЛЕМ! Шокантна изјава на Трамп ја изненади јавноста

Vecer | 04.10.2026

МОЈОТ Е НАЈГОЛЕМ! Шокантна изјава на Трамп ја изненади јавноста

Претседаделот на САД, Доналд Трамп, во ново интервју за магазинот „Тајм“ отворено проговори за вештачката интелигенција, но разговорите брзо ги сврте кон сопствените интелектуални капацитети, тврдејќи дека поседува „највисок IQ“ и дека технологијата ја разбира подобро од кој било друг претседател пред него.

Говорејќи за челниците на водечките технолошки гиганти како Сед Алтман од OpenAI и Дарио Амодеи од Anthropic, Трамп ги пофали нивните мозочни капацитети, но веднаш се спореди со нив, повикувајќи се на генетиката и неговиот чичко Џон Трамп, долгогодишен професор и инженер на престижниот МИТ.

– Имам највисок IQ. Највисок. Добро сум и ги разбирам овие работи... Разбирам сè многу повеќе отколку што мислам дека би разбрал кој било друг претседател, бидејќи имам способност за работи кои претставуваат нови граници, истакна Трамп.

Вештачката интелигенција е поголема од индустриската револуција

Во рамото на поширокиот разговор за глобалната трка со Кина и развојот на новите технологии, американскиот претседател оцени дека вештачката интелигенција претставува промена која би можела да биде дури и поголема од индустриската револуција.

Притоа, Трамп откри и интересна лична перцепција за терминологијата, изјавувајќи дека изразот „вештачка интелигенција“ повеќе не го смета за соодветен и дека наместо тоа претпочита да користи поим „суперинтелигенција“ или СИ.

Заклучувајќи дека САД моментов водат во глобалната технолошка трка, Трамп порача дека државата не смее да си дозволи претерана регулација што би ги задушила компаниите кои ја развиваат оваа моќна нова реалност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk