logo
logo
logo

2025 година е меѓу најсушните години во последните неколку децении

Vecer | 17.09.2026

2025 година е меѓу најсушните години во последните неколку децении

Се ова укажува на намалување на залихите на површински води на Земјата и предизвикува загриженост за нивната достапност во иднина.

Глобалните залихи на вода се намалуваат веќе една деценија Залихите на копнени води – вклучувајќи ги подземните води, езерата, вегетацијата, мразот и снегот – се намалуваат веќе една деценија, се наведува во извештајот на СМО за состојбата на глобалните водни ресурси.

Таа агенција на Обединетите нации предупреди на „сериозни идни последици“ од овој тренд, бидејќи таквите резерви делуваат како еден вид заштитен тампон за планетата за време на исклучително сушни години, каква што е тековната.

„Сега ги трошиме нашите ’заштеди‘. Глобалните резерви на копнени води покажуваат тренд на опаѓање уште од периодот 2014–2016 година.

Ова е постојан сигнал што трае веќе една деценија“, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација (WMO), Селесте Сауло, во соопштението објавено заедно со извештајот.

Податоците на СМО (Светската метеоролошка организација) покажуваат дека во повеќе од една третина од речните сливови во светот е забележан проток на вода под нормалата, со што оваа година стана една од најсушните за реките на глобално ниво, откако пред 35 години започна собирањето на податоци.

Сепак, во некои речни сливови – како што се делови од Јужна Азија – е забележан вишок на вода, што укажува на сè понестабилни и непредвидливи циклуси на водата, се наведува во извештајот.

Исто така, во 2025 година е забележано значително губење на глечери во сите региони – со што се одбележува четвртата последователна година на овој тренд – а во извештајот се истакнува дека тоа ќе доведе до долгорочна несигурност во водоснабдувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk