Куманово од 31 август до 5 септември ќе биде центар на театарскиот и културниот живот во регионот благодарение на третото издание на Балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“.
Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да проследи шест театарски претстави од четири земји: Македонија, Косово, Бугарија и Србија. Покрај претставите, програмата е збогатена и со две музички вечери. Предвидена е и едукативна предавачка работилница за деца на тема „Магијата на театарот“.
На последната вечер ќе бидат доделени вкупно седум фестивалски награди, вклучително и специјалната награда за најдобар актер. За победниците ќе одлучува тричлено стручно жири во состав: Леунора Калиќи, Зејадин Муртези и Роберт Ристов.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата