logo
logo
logo

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РЕПТИЛИТЕ

ЕДНА РАСПАРЧЕНА ЖЕНА И НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ - Алигаторите на Флорида почнаа да ловат луѓе

Vecer | 30.06.2026

ЕДНА РАСПАРЧЕНА ЖЕНА И НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ - Алигаторите на Флорида почнаа да ловат луѓе

Една жена е убиена, а уште две лица се тешко повредени во одделни и брутални напади на алигатори на Флорида во текот на изминатите неколку дена, соопшти Комисијата за заштитување на риби и диви животни на Флорида (FWC).

Првиот застрашувачки инцидент се случил на 21 јуни во реката Рејнбоу во округот Марион, каде огромен алигатор ненадејно нападнал и каснал нуркач. Поради ова, реката била привремено затворена за јавноста сè додека надлежните служби не ја лоцирале опасната животиња.

Помалку од една недела подоцна, следел нов хорор во истиот округ. Алигатор нападнал и каснал за рака малолетник кој мирно си пецал од брегот. Повреденото момче итно било пренесено во болница, а ловците набрзо го пронашле, уловиле и усмртиле алигаторот кој бил долг дури 2,4 метри.

Смртоносен напад врз пливачка

Најтешката трагедија се случила само еден ден подоцна, кога возрасна жена била брутално нападната док пливала во реката Еконлокхачи во округот Семинол. Таа се здобила со тешки телесни повреди по телото и иако со возило на итна помош била пренесена во болница, лекарите не успеале да ја спасат и таа им подлегнала на повредите.

Официјалните служби соопштија дека во тек е масовна потера по алигаторот убиец, а во акцијата се вклучени повеќе специјализирани тимови и експерти за фаќање на овие опасни рептили.

Зошто алигаторите се толку агресивни?

Официјалните лица појаснуваат дека во овој период алигаторите се наоѓаат во нивната сезона на парење, која трае од април до јуни. Во овие месеци тие се екстремно активни, агресивни и многу почесто ги напуштаат своите вообичаени станишта во потрага по партнери, што ги носи во директен и кобен конфликт со луѓето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk