Потребни состојки:
- 500 г тестенини по избор
- чаша вода
- сол
За црвениот сос
- 400 г мелено месо
- 200 мл варени домати
- 100 мл масло
- 1 кромид
- 4 чешниња лук
- 2 лажички сув зачин
- 2 лажички мелена пиперка
- 1 лажичка оригано
- малку бибер
- 100 мл кечап
За белиот сос:
- 200 мл млеко
- 1 лажица брашно
- околу 4 лажици масло
- 350 г кашкавал (може било кој)
- половина лажичка сол
- малку бибер
Начин на приготвување: Вклучете ја рерната на 230 степени, подмачкајте го огноотпорниот сад и ставете ги тестенините во него, истурете вода и додадете сол. Промешајте малку и ставете во загреана рерна околу 10 минути за тестенините малку да омекнат. Во меѓувреме, подгответе ги црвениот и белиот сос.
Испржете го ситно исечканиот кромид во масло, додадете мелено месо, зачини, варени домати, лук. Динстајте околу 10 минути. Во меѓувреме, загрејте го маслото во друга тава и пржете го брашното, истурете го млекото и варете на ниска температура околу 2 минути. Додадете сол, бибер и извадете ги од шпоретот. Додадете рендан кашкавал и мешајте додека не се растопи.
Извадете ги полупечените тестенини од рерната, прелијте со црвениот сос, промешајте, израмнете и прелијте со белиот сос. Посипете со оригано, покријте и вратете во рерна уште околу 15 минути да се пече. Пред крајот отворете го садот за горниот дел убаво да се зарумени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата