logo
logo
logo

Србија одобри прераспределба на нереализирани количества масло за извоз

Vecer | 25.06.2022

Србија одобри прераспределба на нереализирани количества масло за извоз

Владата на Србија на седницата донесе изменета одлука за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на предлог на Комисијата, одобрува прераспределба на нереализирани количества масло според издадените одобренија за мај, а по поднесен извештај на Царинската управа за извоз.

- Одлуката е донесена со цел да се овозможи реализација на склучените договори, а имајќи предвид дека извозот е отежнат од логистички причини. Со оглед на тоа што овие производи првично беа наменети за извоз, оваа одлука не може да влијае на понудата на домашниот пазар - стои на веб-страницата на Владата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk