Во Германија се поретко се вади готовина од банкоматите.
Повлекувањето готовина при купување станува сè попопуларно меѓу потрошувачите во Германија. Вкупниот обем на готовински плаќања минатата година се зголеми за добри 20 отсто, односно на 12,31 милијарди евра, пренесува германската новинска агенција.
Новото плаќање функционира така што клиентот плаќа со картичка на касата и потоа може да го побара износот што му е потребен во готово. Износот се додава на фискалната сметка и се одбива од банкарската сметка на потрошувачот, пишува магазинот Феникс. Максималниот износ што може да се повлече обично е 200 евра. Податоците во средата ги презентираше Институтот за истражување на пазарот ЕХИ.
„Тоа е погодно за клиентите бидејќи тие заштедуваат дополнително патување до банкоматот. Побарувачката исто така расте поради се помалиот број на банкомати“, вели авторот на студијата Хорст Ратер.
Малопродажните компании кои го практикуваат ова, вклучувајќи ги и трговските синџири за храна Рева и Едека, аптеките како ДМ и Росман и некои продавници за градежни материјали и алати, враќаат повеќе од 13 отсто од заработените пари на клиентите, покажа истражувањето.
Со зголемената фреквенција на овој начин на пристап до готовина, се зголемуваат и провизиите што компаниите треба да ги плаќаат на банките. Според податоците на ЕХИ, тие изнесуваат меѓу 0,1 и 0,2 отсто од исплатениот износ по трансакција. По овој основ, малопродажните субјекти лани платиле 17,23 милиони евра, што е за 25,7 отсто повеќе од 2022 година.