logo
logo
logo

Полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари - вреди ли трудот?

Vecer | 17.07.2022

Полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари - вреди ли трудот?

Слаб интерес за струмичкиот бостан оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика. На пазарот на големо во Колешино лубениците се продаваат по цена од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината, трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само за два вреќи вештачко ѓубре.

Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година целосно да се откажат од земјоделието.

Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година. Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk