Американскиот производител на авиони Боинг денеска повлече авион од својата фабрика во кинескиот град Џоушан и го врати во САД.
Како што пренесува Ројтерс, аналитичарите се сомневаат дека причината се трговските тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.
Авионот, кој бил наменет за кинеската авиокомпанија Xiamen Airlines, ја напуштил Кина без испорака, што укажува дека се враќа во својата матична фабрика.
Како што е наведено, враќањето на авионот се случило поради извештаите дека кинеските власти може неформално да го прекинат увозот на американски авиони и делови, како одговор на новите царини наметнати од САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата