logo
logo
logo

ПРВ ЧЕКОР - Украинците објавија: „Потпишавме меморандум со САД“

Vecer | 17.04.2025

ПРВ ЧЕКОР - Украинците објавија: „Потпишавме меморандум со САД“

Украина и САД во четвртокот потпишаа меморандум како првичен чекор кон постигнување договор за развој на критичните минерални суровини на Украина, објави Јулија Свириденко, прв заменик-премиер и министер за економија на Украина.

„Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина“, напиша Свириденко на платформата Х.

Потсетуваме дека американскиот претседател Доналд Трамп бара билатерален договор за минерали како дел од неговите напори да стави крај на војната на Украина против руската инвазија.

Трамп го гледа договорот и како начин за враќање на милијарди долари што САД ги потроши за воена помош за Украина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина не сака да ја признае воената помош од претходната американска администрација како заем.

Соединетите држави ја намалија проценката на трошоците за помошта за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година на околу 100 милијарди долари од 300 милијарди долари, објави во средата Bloomberg News, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Минатиот месец, администрацијата на Трамп предложи нов, поширок договор за минерали, кој на Украина не и дава никакви безбедносни гаранции за иднината, но бара сите приходи од експлоатација на природни ресурси од страна на државните и приватните компании лоцирани на украинска територија да се прелеат во заеднички инвестициски фонд.

Идниот договор ќе бара ратификација во украинскиот парламент и се очекува да придонесе за економскиот раст на двете земји, изјави вчера Свириденко, не откривајќи дополнителни детали.

„Тоа ќе создаде можности за инвестиции и развој во Украина, но и ќе придонесе за воспоставување услови за опиплив економски раст и за Украина и за САД“, напиша вчера висок украински функционер.

200 МИЛИЈАРДИ ОЛЕСНЕТИ: Чекор поблиску до историски договор кој се чини дека е погубен за Европа: „Се плашам дека не мислеа само на Кина!“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk