logo
logo
logo

Стружанец „Заборавил“ да плати данок

МИЛИОНСКО ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Стружанец осомничен дека избегнал плаќање данок од над 132 илјади евра

Vecer | 23.07.2026

МИЛИОНСКО ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Стружанец осомничен дека избегнал плаќање данок од над 132 илјади евра

Непријавување приходи, неплатени даноци и неправилно прикажување на фирмени средства, сопственик на фирма од струга е осомничен дека го оштетил државниот буџет за над 132 илјади евра. 

„Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ на начин што, набавената трговска стока, евидентирана како залиха кај второпријавениот правен субјект заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од 26.085.138 денари, неосновано ја присвоил за себе. Притоа не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) по даночна стапка од 18% во износ од 4.231.907 денари и ДДВ по даночна стапка од 5% во износ од 128.727 денари, како и не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во износ од 2.898.059 денари.“ - се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција 

Во пријавата се наведува и дека осомничениот не ги евидентирал како прихд застарените и ненамирени обврски во износ од над 132 илјади евра, иако тие, согласно законските одредби, треблало да бидат признаени како приход. 

„Дополнително, првопријавениот С.З. не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 8.120.980 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако истите, согласно член 363 од Законот за облигационите односи, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата. И покрај тоа што бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година и да ја искаже даночната обврска, првопријавениот воопшто не поднел даночен биланс, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 812.098 денари.“ -се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.

Надлежните институции продолжуваат со постапките за целосно расчистување на случајот и утврдување на еветулана кривична одговорност на пријавените лица. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk