Премиерот Христијан Мицкоси изјави дека државава нема какви било предизвици во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот, потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места.
Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш навремено ќе се „препакуваме“ и ќе подготвиме нова стратегија.
- Состојбата со нафтата и нафетните деривати - дизел горивата, безоловните бензини, керозинот,... се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во ланецот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност и за нашите граѓаните и за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, што е веќе функционале и оперативен, изјави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата