Извозот на турски серии на странските пазари во раните 2000-ти години изнесувал околу 10 милиони долари, а денес надминува една милијарда долари, изјави изјави шефот на турската Дирекција за комуникации, Бурханетин Дуран, на синоќешниот настан „Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“, објавија турските медиуми.
Голем број владини и филмски претставници во Истанбул присуствуваа на овој настан посветен на придонесот на турските телевизиски серии за имиџот на Турција во светот.
На „Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“ беше истакнато дека една милијарда луѓе во 170 држави гледаат турски серии.
„Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии во светот. Меѓународниот подем на турските серии не е проект за културна хегемонија, туку ја одразува способноста на Турција да создава свои приказни и да ги презентира на различни општества“, изјави Дуран.

Тој додаде дека извозот на турски серии на странските пазари во раните 2000-ти години изнесувал околу 10 милиони долари, а денес надминува една милијарда долари.
Министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој посочи дека турските серии го зголемуваат интересот за Турција.
Според него, турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата