logo
logo
logo

РЕКОРДНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ, соопшти Ѓорѓиевски

Vecer | 12.05.2026

РЕКОРДНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ, соопшти Ѓорѓиевски

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капитални инвестиции, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Според објавените податоци на неговио фејсбук профил, во Основниот буџет на Град Скопје за 2026 година се планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 отсто во однос на 2025 година. Во првиот квартал од годината реализирани се 335,75 милиони денари, односно 18,12 отсто од вкупно планираните капитални инвестиции, што, како што наведува Ѓорѓиевски, е највисока реализација за овој период досега.

- Денес, со гордост можам да кажам дека Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја, со највисока реализација на капитални инвестиции досега - наведува Ѓорѓиевски.

Тој информира дека само во месец април е реализиран износ од 464,45 милиони денари капитални инвестиции, што претставува највисока априлска реализација споредено со сите претходни години. Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од четири месеци и осум дена, реализацијата надминала 480 милиони денари, што е 26 отсто од вкупно планираните капитални инвестиции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk