logo
logo
logo

Данокот на ЕУ го намали увозот на мали пакети од Кина за 40%

Vecer | 30.08.2026

Данокот на ЕУ го намали увозот на мали пакети од Кина за 40%

Воведувањето на данок на ЕУ за мали пакети од 1 јули, особено за оние од Кина, доведе до пад од 30 до 40 проценти на увозот во ЕУ, објави денес француското Министерство за економија, повикувајќи се на податоци од француската царина.

„Ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“, рече францускиот министер за економија Ролан Лескур, пренесува Фигаро.

Тој ги поздрави ефектите од овој данок насочен кон главните платформи за онлајн продажба во Азија, Shein, Temu и AliExpress.

Дополнителниот данок претходно воведен од Франција немаше очекуван ефект, но данокот воведен од ЕУ на 1 јули се покажа како ефикасен, наведува францускиот дневен весник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk