logo
logo
logo

ПОСКАПИ АВИОНСКИ КАРТИ ВО ЕВРОПА НЕИЗБЕЖНИ поради скапите горива, велат од „ИАТА“

Vecer | 14.05.2026

ПОСКАПИ АВИОНСКИ КАРТИ ВО ЕВРОПА НЕИЗБЕЖНИ поради скапите горива, велат од „ИАТА“

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА) предупредува дека повисоките цени на авионските карти во Европа се неизбежни поради растото на цените на млазното гориво.

Генералниот директор на ИАТА, Вили Волш, вели дека авио-компаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалуваа цените на картите поради послабата побарувачка.

Волш во интервју за Би-Би-Си предупреди и на ризиците по снабдувањето во пресрет на летната сезона, наведувајќи дека британскиот авио-сообраќај би можел да се соочи со потенцијален притисок врз резервите на гориво за време на врвот на сезоната, иако, како што нагласи, „нема причина за паника“.

Според него, дури и во случај на брзо отворање на Ормускиот Теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и оштетувањата на рафинериите на Блискиот Исток би можеле да имаат долготраен ефект врз цените на горивото.

„Едноставно нема начин авио-компаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци“,

рече Волш додавајќи дека евентуалните попусти би биле краткорочни и дека трошоците на крајот ќе се одразат врз патниците.

Тој предупреди дека проблемот би можел да потрае неколку месеци, па дури и до следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk