logo
logo
logo

Тоа е тоа: „ПРИЈАТЕЛСКА ЗЕМЈА“ КРЕНА РАЦЕ ОД РУСИЈА

Vecer | 07.02.2026

Тоа е тоа: „ПРИЈАТЕЛСКА ЗЕМЈА“ КРЕНА РАЦЕ ОД РУСИЈА

Индија значително го намали увозот на руска сурова нафта во декември, паѓајќи на најниско ниво во последните 38 месеци, покажуваат податоците.

Увозот од Русија вредел 2,7 милијарди долари, а руската нафта сочинувала помалку од една четвртина од вкупниот увоз на Индија, во споредба со 34 проценти во ноември, објави весникот „Хинду“.

На месечна основа, увозот од Русија бил за 27,1 процент помал отколку во ноември, додека во споредба со декември 2024 година, е забележан пад од 15 проценти.

Во обем, Индија увезе 5,8 милиони тони нафта, што е најнизок обем од февруари 2025 година, а учеството на Русија во вкупниот увоз падна на 24,9 проценти, што е најниско за три години.

Вредноста на увозот на нафта од САД во Индија во декември изнесуваше 569,3 милиони долари, што е зголемување за речиси 31 процент во однос на декември 2024 година.

Според обемот, пратките на нафта од САД во Индија се зголемија на 1,1 милион тони, што е за 58 проценти повеќе од претходната година.

Вашингтон и Њу Делхи се на прагот на трговски договор, а на пазарот се појавија шпекулации дека како дел од договорот, Индија ќе ги намали купувањата на нафта од Русија.

Сепак, индиските власти не ги потврдија ваквите тврдења, но изјавија дека земјата ја прилагодува својата енергетска политика на пазарните услови и меѓународните околности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk