Владата во Приштина донесе одлука да го забрани производството на криптовалути на Косово, бидејќи троши големи количества струја.
Косовскиот министер за економија Артане Ризваноли изјави дека со препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на производство на криптовалути, пренесува Косово онлајн, порталот Репортерс.
„Врз основа на препораките, донесов одлука за итни мерки за забрана на производство на криптовалути низ Косово. Институциите за спроведување на законот ќе го прекинат производството на предметната активност со поддршка на сите релевантни институции кои ќе идентификуваат локации за производство на криптовалути“, рече Ризваноли. .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата