Раководителот на Дирекцијата за превентивна заштита од пожари и експлозии во Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи, Ненад Јоциќ, за Евроњуз Србија вели дека кацијата почнала на 18 март и ќе трае до средината на мај.
„Овој вонреден увид е поради пожарот во Кочани, со посебен акцент на безбедноста при евакуација и контрола на запалливоста на градежни материјали вградени во објектите...Издадени се наредби до сите организации и единици на итната помош, од кои 27 во Република Србија, да извршат вонреден инспекциски надзор во сите угостителски објекти, со посебен акцент на ноќните клубови и дискотеките“, рече Јоциќ.
Досега се извршени 98 контроли, наредени се 633 мерки за отстранување на неправилности, а напишани се 48 пријави за прекршоци. Дополнително, вели тој, на 33 објекти им е изречена забрана, а на девет објекти им е изречена забрана за користење додека не се исполнат потребните безбедносни услови.
Лани контроли биле извршени во 1.054 угостителски објекти, а годинава се планираат уште толку.
Како што објасни, вонредните инспекции се однесуваат на објекти што се веќе во функција.
„Ги повикувам граѓаните да пријават објекти чија намена не е дефинирана. Доколку има објект што не сме го пријавиле, или не е дефинирана намената, ги повикуваме да не известат и ќе извршиме увид“, нагласи Јоциќ.
Тој смета дека одговорноста мора делумно да се пренесе на сопствениците и корисниците на објектите.
„Заштитата од пожари е сложена област. Дури и да вршиме инспекциски надзор, да казниме или да затвориме објекти, тоа не е доволно. Неопходно е сопствениците и корисниците на објектите трајно да спроведуваат мерки за заштита“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата