logo
logo
logo

Бадијала демонстрациите во Србија: ВУЧИЌ Е ЕДИНСТВЕН ОД РЕГИОНОВ КОЈ Е ПОКАНЕТ НА РУЧЕК СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН

Vecer | 26.03.2025

Бадијала демонстрациите во Србија: ВУЧИЌ Е ЕДИНСТВЕН ОД РЕГИОНОВ КОЈ Е ПОКАНЕТ НА РУЧЕК СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги има сите причини да биде задоволен од неговата средба во вторник навечер со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Вучиќ е првиот лидер на земја од Западен Балкан кој има ваква средба откако Коста стана претседател на Европскиот совет, а Фон дер Лајен стана претседател на Комисијата во нејзиниот втор мандат.

Коста, а особено Фон дер Лајен, немаа намера да ја откажат оваа средба, како што побараа да помислат некои членови на Европскиот парламент, пишува загребскиот портал Јутарњи. Европската комисија и Европскиот совет не само што не ја делат загриженоста на европратениците за однесувањето на режимот на Вучиќ во Србија, туку го сметаат Вучиќ за најважен партнер во целиот регион.

Хрватските емдиуми беа најжестоки поодржувачи на протестите во Србија против српскиот перстедател Александар Вучиќ, па оваа вест порталот Јутарњи ја пренезе со значителна доза на арзочарување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk