logo
logo
logo

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

Vecer | 27.03.2025

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион.

Канцеларијата на Интерпол во Сараево ја внесе меѓународна потерница во системот, откако Судот на БиХ ја издаде.

Тој налог, всушност, не е активен. Тоа може да го видат само луѓето кои работат во контакт точките на Интерпол. Државите не смеат да постапуваат по овој налог додека од  Лион официјално не се одобри распишување потерница, нагласуваат медиумите во Сараево.

Во потерницата се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk