logo
logo
logo

И КУРТИ НАСЕДНА КАКО ЗАЕВ НА ПРАНКЕРИТЕ, мислел зборува со претседателот на Летонија му бара смена на власта во Србија (ВИДЕО)

Vecer | 27.03.2025

И КУРТИ НАСЕДНА КАКО ЗАЕВ НА ПРАНКЕРИТЕ, мислел зборува со претседателот на Летонија му бара смена на власта во Србија (ВИДЕО)

И Албин Курти како Зоран Заев наседна на пранкери, а тоа го признаа и неговиот кабинет.

Тие вела дека бил жртва на руските комичари, нарекувајќи го тоа „несреќен инцидент“ и оценувајќи дека Русија е „опседната“ со Косово, објави порталот Репортери.

Како што е наведено, инцидентот се случил на 11 февруари, два дена по парламентарните избори, во време кога Курти добивал бројни повици и честитки за изборниот резултат и дека поради временските ограничувања не можело секогаш да се вршат целосни проверки на секој повик.

Пранкерите му се јавиле на Курти во името на летонскиот претседател и отвориле повеќе теми на разговор.

„Овој немил инцидент го зајакнува она што одамна го знаеме – Русија е опседната со Косово и продолжува да нѐ држи како своја цел“, се вели во соопштението.

„Иако жалиме што премиерот Курти стана цел на таков повик, оваа епизода ги потврдува неговите принципиелни и конзистентни позиции за клучните прашања, како во јавните така и во приватните разговори“, се вели во соопштението од кабинетот на косовскиот премиер Курти.

Курти во видеото вели дека Западот треба посилно да ја поддржи опозицијата во Белград и да направи промена на власта, за Србија да се признае Косов.

Мислејќи дека разговара со претседател на членка на НАТО, Курти потврдно одговори на прашањето дали повеќемесечните протести во Србија се план на Западот за смена на претседателот Александар Вучиќ.

„Но, демократската опозиција во Србија, во форма на овие студентски протести, не добива доволно поддршка од ЕУ и САД. Тие треба повеќе да ги поддржуваат“, смета Курти.

Тој додаде дека неговиот предлог е да се отстрани „прорускиот режим во Србија“ и дека „Србија мора да го признае Косово“.

„Но, Западот не врши доволен притисок врз Белград“, вели Курти.

Тој ги обвини Србија и Русија дека водат „хибридна војна“ против Приштина и жали поради тоа што „косовската опозиција“ наводно била во коцка со Белград.

Приоритет на Приштина е ЕУ да ги укине санкциите и Косово да се приклучи на Советот на Европа и НАТО, додека за членството во ЕУ ќе биде потребно повеќе време, вели Курти.

Приштина купува оружје од САД, Велика Британија и Хрватска, а планира да изгради и фабрика за муниција, изјави Курти на руските шегобијци.

„Се подготвуваме да влеземе во НАТО и да ја принудиме нашиот непријател Србија добро да размисли пред повторно да не нападне, бидејќи тие не нападнаа неколку пати во минатиот век“, рече тој.

Запрашан за Украина, Курти инсистираше на тоа дека Западот мора да испрати повеќе оружје и муниција во Киев, бидејќи, како што рече, не може да има мир во Европа се додека постои експанзионистичка империјалистичка Русија.

„Во овие три години можеше да се направи повеќе, а можно е повеќе. Украина е борба во која може да се покаже супериорноста на западната воена моќ“, рече Курти.

Тој додаде дека САД можеле да испратат оружје до талибанците во Авганистан за да можат да се борат против СССР, па затоа не гледа причина зошто тие сега не ја вооружуваат, како што рече, демократската влада во Украина.

Курти, исто така, се пожали на порастот на „десниот популизам“ во земји како Словачка и Романија, кои не го признаваат самопрогласеното Косово, и ја обвини хибридната војна и дезинформациите.

Тој се осврна и на Ричард Гренел, специјалниот пратеник на американскиот претседател, кого го обвини дека го поткопувал во 2020 година и дека бил пристрасен откако добил одликување во Белград.

Инаку, руските пранкери се познати по своите хумористични повици до истакнати личности. Ја повикале поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која мислела дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Тие му се претставија на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер како Володимир Зеленски и го испрашуваа за саботажата на Северен тек.

Полскиот претседател Анджеј Дуда двапати беше измамен. Првиот пат се претставија како генерален секретар на ОН Антонио Гутереш, а вториот пат како францускиот претседател Емануел Макрон.

Воедно и поранешниот премиеро Зоран Заев два пати беше измамен, еднаш мислеше дека разговара со Порошенко, а другиот пат со активистката Грета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk