logo
logo
logo

Сите патишта водат кон Србија: Белградскиот саем како во времето на СФРЈ, македонските граѓани ќе се вакцинираат без пари

Vecer | 26.03.2021

Сите патишта водат кон Србија: Белградскиот саем како во времето на СФРЈ, македонските граѓани ќе се вакцинираат без пари

Вакцинацијата на граѓаните во борбата против коронавирусот продолжи на саемот во Белград. Во салата 3 пристигнаа голем број странски државјани, поточно од Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои одлучија да бидат имунизирани во Србија.

Тие велат дека се одлучиле на ваков потег затоа што вакцинирањето практично не започнало во нивните земји и велат дека се воодушевени од организацијата во Белград. Тие додаваат дека во наредните денови се очекува масовно пристигнување на нивните сонародници.

Вакцината „АстраЗенека“ е достапна за граѓаните на земјите од регионот, а според вработените, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „Спутник В“ денес не е можна.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=P7FqjhbDylA&t=138s[/embed]

Викендов преку српската Е-управа закажана вакцинација со АстраЗенека на македонските државјани на белградскиот саем.

Граѓаните на Србија, од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на АстраЗенека.

„Нова.рс“ разговараше со граѓаните на Босна и Херцеговина кои дојдоа на Саемот и велат дека се воодушевени од орагнизацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk