Српскиот бизнисмен Давор Мацура (43), сопственик на пропаднатата „Алта банка“, е уапсен во текот на изминатата ноќ, по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката и да отвори стечајна постапка.
Апсењето следува по повеќе од 30 часа непрекинат полициски претрес во просториите на банката, при што биле проверувани документацијата и деловното работење.
Мацура поседува повеќе од 15 компании, а неговата бизнис-империја се проширила од мала менувачница во Земун до банкарскиот сектор и милионски зделки со недвижности. Иако „Алта банка“ минатата година пријавила нето добивка од речиси 14 милиони евра, сега се соочува со стечај по одземањето на лиценцата.
Извор: kurir.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата