logo
logo
logo

БОСАНЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ДАТА ЦЕНТАР, не чекаат што ќе пишува на Фејсбук и партиски соопштенија

Vecer | 28.08.2026

БОСАНЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ДАТА ЦЕНТАР, не чекаат што ќе пишува на Фејсбук и партиски соопштенија

Американската компанија AAFS Infrastructure and Energy, поврзана со американскиот претседател Доналд Трамп, планира нови проекти во Босна и Херцеговина.

Ова би ја зголемило вкупната вредност на инвестициите во земјата на нешто повеќе од две милијарди евра, или околу 2,3 милијарди долари.

Компанијата сега планира да изгради центар за податоци од 100 мегавати во Мостар, заедно со придружната инфраструктура, а вредноста на проектот се проценува на околу 530 милиони евра.

Проектот претставува проширување на инвестициските планови што AAFS ги објави во април, кога објави инвестиција од 1,5 милијарди евра во изградба на гасоводи и три гасни електрани, како и проширување и модернизација на аеродромите во Сараево и Мостар. AAFS е основана пред една година, а меѓу нејзините основачи се поранешниот адвокат на Трамп, Џеси Бинал, и Џозеф Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, објави Блумберг.

Компанијата планира да обезбеди финансирање за сите проекти преку американски развојни институции, првенствено Банката за извоз-импорт на Соединетите Американски Држави и Американската меѓународна финансиска корпорација за развој, како и од меѓународни фондови, изјави Амер Бекан, највисок претставник на AAFS во Босна и Херцеговина..

Особено е значаен планираниот центар за податоци (Data centar) во Мостар, вреден околу 530 милиони евра, што би претставувал еден од најголемите проекти од ваков вид во земјата и би можел да се поврзе со пошироките планови на компанијата за енергетска инфраструктура. Во Босна и Херцеговина веќе има три помали дата центри.

Дата центри во нашиов региов веќе имаат: Црна Гора која освен два комерцијални е во фаза на проект и за државен дата центар со потрошувачка/моќ од 20 МВ. 

Србија, 13 дата центри меѓу кои на Oracle и YangGo Group а има и државен дата центар Крагујевац со моќ/потрошувачка до 56 МВ.

Албанија: Конзорциум Албаниа Дата Центар (АДЦ) со израелски капитал гради голем дата центар од почетни 32 МВ до планирани/скалирани 100 МВ струја/моќ.

Бугарија: Имаат неколку помали дата центри, а во фаза на план е изградба на голем дата центар (Hyperscale) , најголем во регионот, со потрошувача од 100 до 200 МВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk