Иванка Трамп повторно пристигна вчера вечер во градот Валона. Според албанските медиуми, таа преноќила во владината вила во Валона.
Изворите укажуваат дека денес се очекува Иванка Трамп да отпатува за Дерми, каде што е присутен и премиерот на Албанија, Еди Рама.
Се дознава дека се очекува средба меѓу нив предпладне во владината резиденција во Дерми, по што ќе следи заеднички ручек.
Засега нема официјална потврда во врска со пристигнувањето на Иванка Трамп или развојот на оваа средба
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата