Во „Порше“ на гостиварец најдено оружје кое потекнува од кривично дело

Vecer | 03.02.2024

Во „Порше“ на гостиварец најдено оружје кое потекнува од кривично дело
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На 02.02.2024 во 21.40 часот во близина на с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Ш.Ф.(28) од Гостивар.

-При преглед во возилото „порше“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одзмемени пиштол „Застава“ калибар 7,62мм, рамка со куршуми, нож и други предмети кои потекнуваат од кривично дело, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk