logo
logo
logo

Меџити НАЈАВИ СТАБИЛНА ВЛАДА КАКО НИЕДНА ДОСЕГА, ќе се формира на 19 или 20 јуни

Vecer | 10.06.2024

Меџити НАЈАВИ СТАБИЛНА ВЛАДА КАКО НИЕДНА ДОСЕГА, ќе се формира на 19 или 20 јуни

Претседателот на Демократско движење, Изет Меџети вели дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, на 19 или 20 јуни. Меџити рече и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.

„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас на позицијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води здравството. Касами ќе се врати во Тетово, за да го заврши мандатот што успешно го започна. Другите ресори ќе бидат кадри од ВРЕДИ. Можам да потенцирам дека ќе има уште еден вицепремиер, значи јас ќе бидам прв, ќе имаме двајца вицепремиери Албанци во новата извршна власт. Сериозен кандидат кој верувам дека ќе биде е Арбен Фетаи. За евроинтеграции деновиве треба да се одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучи за економија и социјална политика, изјави Изет Меџити, претседател на Демократското движење за Алсат М

Во врска со гласањето на законот за реорганизација на владата од пратениците на ДУИ, кои претходно велеа дека со ова на Албанците им се одзема власта, Меџити вели дека ВРЕДИ беше информирана за средбите меѓу претставниците на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа покажува дека се контрадикторни, го изгубија политичкиот компас и ги менуваат позициите за еден ден. Даваат такви изјави, па на крај гласаат. Ние знаевме бидејќи бевме информирани за средбите на Европскиот фронт и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа реализирани и со наша согласност. Второ, мислам дека и да немаше таков договор, што е симболично и многу безначајно, тројца пратеници од Европскиот фронт требаше да гласаат за измените за реорганизација на Владата. Не зборувам со имиња, но ги знаеме имињата и за да го покријат муабетот дека Европскиот Фронт се распаѓа, влегоа во разговори да гласаат сите, но кога влегоа да гласаат сите испадна уште полошо, бидејќи на крајот не гласаа пратениците на Зиадин Села и Зејди“, изјави Изет Меџити, претседател на Демократски сојуз.

На гласовите дека ДУИ се обидува да се доближи до ВМРО за да побара заштита од евентуален прогон, Меџити одговари дека владата што доаѓа е стабилна и нема потреба да се валка со, како што вели, со такви политички акробации.

„Оваа влада има стабилност во бројките, како можеби ниту една друга влада од 90-тите. Нема потреба да се условува или да влезе во нечии хипотеки. Затоа мислам дека овие движења и овие политички акробации се бескорисни“, нагласи Изет Меџити, претседател на Демократско движење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk