logo
logo
logo

Како собирачот на топки му спаси бод на Мурињо

Vecer | 11.12.2023

Како собирачот на топки му спаси бод на Мурињо

Рома ремизираше со Фиорентина 1:1, а во редовите на „волчицата“ мора да бидат задоволни поради развојот на настаните на теренот, поточно фактот што мечот го завршија со деветтмина на теренот.

Поради втор жолт картон надвор од игра мораше Заевски во 64.минута, а во 87 минута е исклучен Лукаку поради остар старт. Во тој момент Жозе Мурињо реагираше бурно на лист напиша порака и преку собирачот на топки ја испрати до голманот Руи Патрисио.

На него стоеше упатство како екипата треба да се постави и да го сочува бодот во финишот. Искусниот Мурињо знае како да се снајде во најразлични ситуации.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk