logo
logo
logo

Ужасни вести од Јужна Америка: Убиство на репрезентативец на Еквадор

Vecer | 18.12.2025

Ужасни вести од Јужна Америка: Убиство на репрезентативец на Еквадор

Трагични вести пристигнуваат од Јужна Америка. Еквадорската полиција соопшти дека во вооружена престрелка убиен е 33. годишниот Марио Пинеида инаку фудбалски репрезентативец на оваа земја, кој што во моментов беше дел од тимот на Барселона од Гвајакила.

Во очигледен напад со многу сведоци, Пинеида дирекно бил погоден и им подлегнал на повредите. Како и зошто се случил инцидентот сеуште нема детали. Во инцидентот страдала уште една личност, а една е потешко повредена.

Пинеида инаку е искусен играч кој што во минатото настапуваше за Индепендиенте од Еквадор, а пред две години беше позајмен и во славниот бразилски Флуминенсе. За Еквадор забележа десетина настапи.

Еквадор е држава со сериозна стапка на криминал во која на годишно ниво има од седум до десет илјади убиства.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk