Светската кровна фудбаска федерација ФИФА организира ново натпреварување кое што ќе стартува следната година, и кое е специјализирано за играчи до 16. години.
На него многу веројатно дека ќе се појави и репрезентацијата на Русија, која што со оглед на војната во Украина има забрана за меѓународно натпреварување уште од 2022 година. Сепак, и покрај забраните Русија сеуште е членка на ФИФА, а доколку тоа се случи Русија за прв пат ќе направи кам бек по сиот овој изминатио период.
Од друга страна, иако Русија со задоволство би прифатила да игра, прашање е како ќе се однесуваат останатите учесници и дали тие би се побуниле доколку Русија учевствува.
Пример за ова би требало да бидат на пример Олимписките игри каде што Русија и Белорусија имаат претставници кои се однесуваат по строги правила на неистакнување на знамиња на државата и пеење на химната.